Доларот благо зајакна, цената на нафтата порасна

Сподели со своите пријатели

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо порасна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,94 поени, додека во петокот навечер беше 102,90 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за 0,03 отсто, на 144,40 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна за 0,04 отсто, на 1,0905 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа, откако паднаа за околу 12 отсто во првата половина од годината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бројот на загинати во протестите во Иран надмина 5.000

Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,05 отсто, на 75,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,03 отсто, на 70,65 долари.