Засилени судири меѓу армијата и паравоените сили во Судан

Сподели со своите пријатели

Судирите меѓу суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) се интензивираа во суданската престолнина Картум и западните региони и покрај бројните обиди за мирно завршување на конфликтот.

Loading...

РСФ соопшти дека нивните сили собориле воен авион и беспилотно летало во Бахра, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

РСФ доминира на теренот во главниот град, паравоените членови се обвинети за ограбување и окупирање куќи, додека армијата е фокусирана на воздушни и артилериски напади.

Началникот на суданската армија Абдел Фатах ал Бурхан минатата недела ги повика младите да се приклучат во борбата против РСФ, а армијата објави фотографии од нови регрути.

Мировните преговори прекинати

Во саботата, суданскиот синдикат на лекари ја обвини РСФ за инвазија на болницата Шухада и убиство на член на болничкиот персонал.

РСФ ги негираше обвинувањата.

Мировните преговори во Џеда, со посредство на САД и Саудиска Арабија, беа прекинати минатиот месец.

Во Судан на 15 април избувнаа вооружени конфликти за моќ, стотици цивили беа убиени, а повеќе од еден милион луѓе беа раселени.

Loading...