Долгот на Германија достигна 2.4 трилиони евра, секој граѓанин должи 13.000 евра

Сподели со своите пријатели

Вкупниот долг на Германија на крајот на првиот квартал од оваа година достигна 2.406 милијарди евра, што е за 1,6 отсто повеќе во однос на крајот на минатата година, објави Федералниот завод за статистика, пренесува Дојче веле.

Loading...

Според Федералниот завод за статистика, главна причина се пред се зголемените расходи во борбата против енергетската криза.

Само долгот на сојузната држава во првите три месеци од годинава е зголемен за 2,4 отсто на околу 1.660 милијарди евра, што, како што се наведува, е последица на „зголемената потреба за финансирање, како резултат на актуелната енергетска криза во поврзаност со руската агресивна војна против Украина“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лондонските тунели ќе станат нова туристичка атракција: Во војната служеле како засолниште

Околу 200 милијарди евра се резервирани за таканаречената кочница на цената на гасот и финансиска поддршка за снабдувачите со енергија.

Во ноември минатата година беше формиран Фондот за енергетска економска стабилизација, чиј долг во првите три месеци се зголеми за 73 отсто – од 30 на 52 милијарди евра.

Дополнително, долгот за ублажување на последиците од пандемијата се зголеми за 53 милијарди, а беше формиран и посебен фонд за потребите на армијата на германскиот Бундесвер, која има расходи од 802 милиони евра.

Кога станува збор за покраините, забележано е мало намалување на долгот за 0,5 отсто, на вкупно 604 милијарди евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јужна Кореја го назначи првиот амбасадор во Куба

Најмногу го намалила долгот Баварија, за 16,8 отсто, односно на околу 32,45 милиони евра. Најголем долг, но и најголемо население има Северна Рајна Вестфалија, каде е забележан пораст од околу три отсто, на 236 милиони евра.

Loading...

Во просек тоа значи дека долгот по жител на Германија моментално изнесува 13.065 евра.

Наспроти тоа што се случуваше во покраините, долгот на општините се зголеми. Таму е забележан раст од 1,9 отсто, на 143 милијарди евра.