Калуѓерката имала експлицитни видеоповици со свештеник: „Целосно ми го поремети умот…“

Сподели со своите пријатели

Тереза ​​Агнес Герлах, 43-годишна калуѓерка која водела манастир во Арлингтон, Тексас, признала се.

Loading...

Таа тврди дека не била при себе и дека тоа може да им се случи и на калуѓерките, пишува NY Post.

„Направив огромна, огромна грешка“, рекла Тереза, откако бискупот Мајкл Олсон ја обвини дека разменила експлицитни пораки со 38-годишниот свештеник Филип Џонсон.

„Немавме физичка врска“

Калуѓерката која била во инвалидска количка била исфрлена од манастирот.

Таа тврди дека немала физичка врска со свештеникот со кој се допишувала.

Таа решила да го тужи бискупот и црковните власти за милион долари бидејќи, како што тврди, ѝ ја нарушиле приватноста кога и го одзеле мобилниот телефон и компјутерот и јавно објавиле се.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Враќањето на ТикТок во Америка има „солена“ цена: Трамп бара 50% од гигантот вреден милијарди

 

Loading...

 

– Се заљубив во него, страдав од напади кои ми го вознемирија умот – рекла сестрата која признала дека имала видео повици со свештеникот.

– Се беше преку телефон, не бевме физички интимни. Во тоа време имав напади и не бев во здрав ум, се беше измешано – се бранеше.

Таа вели дека била под лекарства кога бискупот ја испрашувал за скандалот.

Судијата во Тексас рече дека допрва треба да одлучи дали ова ќе биде граѓанска работа или се ќе му предаде на Ватикан.

 

 

Loading...

Свештеникот во аферата е поранешен маринец

Калуѓерката се допишувала со 38-годишниот свештеник Филип Џонсон, поранешен маринец кој ја заменил својата воена униформа со свештеничка облека откако боледувал од рак на мозокот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Кина егзекутирани двајца мажи. Еден со автомобил уби 35 лица, друг со нож уби осуммина

Пречесниот Џонсон, кој работи во Северна Каролина, моментално е под истрага и неговите свештенички должности се ограничени, јавуваат американските медиуми.

Неговата приказна се најде на насловните страници пред неколку години.

Кога имал 24 години и бил во маринците, му бил дијагностициран рак на мозокот. Лекарите му дале една година живот. По крајно ризична операција се опоравил и станал свештеник.