Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурата ќе се движи од 13 степени во утринските часови, до максимални 29 степени целзусови во текот на денот.
Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево и топло време со услови за нестабилност со дожд и грмежи во текот на попладневните часови.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални 16, до максимални 29 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди и услови за нестабилност со дожд и грмежи.
Денот ќе носи и слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 26 степени целзиусови.
Од понеделник ќе има краткотрајна стабилизација на временската состојба.
Никола Ивановски