Макрон свика кризен состанок поради големите немири

Сподели со своите пријатели

Сто и педесет лица се уапсени во Франција по втората ноќ на немири низ земјата, изјави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, откако сообраќајната полиција застрела 17-годишно момче.

Loading...

Министерството соопшти дека за време на судирите се повредени десетици полицајци.

Изгореа градски сали, училишта, полициски станици…

„Ноќ на неподносливо насилство врз симболите на Републиката. Запалени или нападнати градски сали, училишта и полициски станици, 150 апсења“, напиша Дарманин на Твитер.

Полициската употреба на смртоносна сила во работничкото париско предградие Нантер против тинејџер, кој има северноафриканско потекло, влијаеше на длабоко вкоренетата перцепција за полициската бруталност во етнички различните населби на најголемите градови во Франција.

Беа мобилизирани 2000 полицајци

МВР соопшти дека во парискиот регион се мобилизирани 2.000 полицајци, а нешто пред полноќ на авенијата Пабло Пикасо во Нантер гореле превртени возила додека кон полициските сили се пукало со пиротехнички средства.

Полицијата се судри со демонстрантите во северниот град Лил и во Тулуз на југозапад, а немири имаше и во Амиен, Дижон и административната област Есон јужно од француската престолнина, изјави портпаролот на полицијата.

Претседателот Емануел Макрон свика кризен состанок на владата, соопшти неговиот кабинет.

На почетокот на средбата Макрон рече дека неоправданото насилство што се шири низ Франција втор ден по ред откако полицаец застрела 17-годишно момче во предградие на Париз.

Loading...

Тој рече дека фаталното пукање на тинејџерот е неоправдано.