Наводниот кинески шпионски балон кој прелета над САД на почетокот на оваа година користел американска технологија за собирање аудио-визуелни информации, објави Wall Street Journal, повикувајќи се на прелиминарните наоди од истрагата.
Балонот, наводно, носел комерцијално достапна американска опрема, заедно со специјализирани кинески сензори и друга опрема за собирање фотографии, видеа и други информации што требало да ги пренесе во Кина, пренесува Ројтерс.
Сепак, се чини дека балонот не ги испратил податоците што ги собрал.
Прелиминарните наоди покажуваат дека авионот бил наменет за шпионирање, а не за следење на времето, како што тврдат кинеските власти.
Американскиот претседател Џо Бајден неодамна изјави дека кинескиот лидер Си Џинпинг бил „многу засрамен“ кога балонот бил уништен над американска почва.
„Причината зошто Си Џинпинг беше многу вознемирен кога го соборив балонот е затоа што имаше шпионска опрема за која тој не ни знаеше дека постои. Голема е срамота за диктаторите, кога не знаат што се случило“, рече Бајден.