Парламентот на Унгарија нема да ја ратификува кандидатурата на Шведска за НАТО пред летната пауза, бидејќи гласањето за неа не е на дневен ред на седницата следната недела.
Унгарските портали објавија дека собранието, во кое мнозинство има партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан, го одложило гласањето по влошувањето на односите меѓу Унгарија и Шведска, пренесува Ројтерс.
Прес-службата на парламентот не ја потврди оваа информација, пренесува Ројтерс.
Во објава на Фејсбук, левичарската опозициска пратеничка Агнес Вадаи рече дека Орбан нема да го стави барањето за пристап на Шведска во НАТО на дневниот ред за гласање следната недела.
По децениска воена неутралност, Шведска и Финска побараа прием во НАТО по руската инвазија на Украина.
Орбан во февруари за првпат изрази загриженост за членството на Шведска и Финска во НАТО, обвинувајќи ги двете земји дека шират „чисти лаги“ за состојбата на демократијата и владеењето на правото во Унгарија.
На крајот на март унгарските парламентарци ја одобрија кандидатурата на Финска, потсетува британската агенција Високи унгарски претставници изјавија дека го поддржуваат приемот на Шведска во алијансата, но во исто време му поставија нејасни барања на Стокхолм како услов за прием.
Неизвесноста околу кандидатурата на Шведска е зголемена со приговорите од Турција, која го обвинува Стокхолм дека е премногу мек кон групите што Анкара ги смета за терористички организации.