Две лица од Куманово биле приведени вчера и денеска откако претходно за нив биле распишани потерници.
– Полициски службеници од СВР Куманово вчера (27.06.2023) и денеска (28.06.2023) лишиле од слобода две лица, за кои биле распишани потерници и ги спровеле во казнено-поправните установи, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во првиот случај, вчера во 10.00 часот, врз основа на судска наредба од Основен суд Гостивар, бил лишен од слобода З.С.(70) од Куманово.
Како што појаснуваат од МВР, тој се барал со потерница за издржување на мерка притвор, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“, казниво по член 247 ст.4 в.в ст.4 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје.
Денеска, пак, во 08.30 часот, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, полициските службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Х.(60) од село Сопот, кумановско.
– Тој се барал со потерница за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик, стои во соопштението на МВР.
Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Куманово.
Никола Ивановски