Четириесет и едногодишен кумановец бил измамен за сума од 300 евра при обид да најде работа во странство преку социјалните мрежи.
– На 26.06.2023 година во 13.50 часот во СВР Куманово, 41-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.085 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното, откако на социјална мрежа забележал оглас со кој се бараат работници за работа во странство, пријавителот преку социјална мрежа остварил контакт со женско лице, кое побарало од него во неколку наврати да уплати пари на трансакциска сметка во вкупен износ од 18.085 денари.
Како што е наведено во пријавата, по последниот остварен контакт на 23.06.2023, пријавителот во повеќе наврати се обидел да ја контактира, но таа не одговарала на неговите пораки, по што сфатил дека е измамен.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски