Приведен кумановец баран со потерница поради криумчарење

Сподели со своите пријатели

Четириесет и деветгодишен кумановец бил приведен вчера откако занего била распишана потерница за издржување притвор.

Loading...

– На 26.06.2023 во 15.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Скопје-1, го лишиле од слобода И.Ф.(49) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од кумановската полицијата, лиецто се барало со потерница за издржување на изречена мерка притвор поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по член 278 ст.1 в.в ст.2 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Оџак предизвика пожар на семејна куќа во Куманово

Никола Ивановски