Половина од граѓаните на Македонија не веруваат во членство во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Нешто помалку од една третина од анкетираните граѓани на Македонија (30,2) се изјасниле дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, а половина или 49,9 отсто одговориле дека Македонија нема да стане членка на ЕУ.

Loading...

Од оние кои веруваат дека Македонија ќе стане членка, приближно две третини или 60,3 отсто веруваат дека тоа ќе се случи во следната деценија.

Доколку добијат цврсти гаранции од ЕУ за зачувување на македонскиот јазик и идентитет, 45,1 отсто од граѓаните на Македонија би ги поддржале уставните измени, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Маркет Вижн“, пишува порталот МКД.мк.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите

Анкетата е спроведена од 5 до 16 јуни.

Позитивен став кон внесувањето на Бугарите во Уставот на РСМ имаат 16,4 отсто од испитаниците. Повеќе од 54 отсто од анкетираните се против промена на Уставот.

Испитаниците од македонска националност, во споредба со испитаниците од албанска националност, имаат понегативен однос кон уставните амандмани и помалку ги поддржуваат дури и во случај на гаранции од ЕУ.

Македонија наскоро треба да ги усвои уставните измени и, меѓу другото, да воведе Бугари, што е услов на официјална Софија Скопје да ги продолжи преговорите за влез на РСМ во Европската Унија.