In memoriam: Почина Екрем Јевриќ

Сподели со своите пријатели

Екрем Јевриќ, интернет сензацијата од Њујорк, изненадно денеска починал во 58-та година од животот.

Утринава тргнал на работа во Њујорк каде живее со семејството и во автомобилот добил силен срцев удар. Додека стигнале лекарите, Јевриќ веќе не давал знаци на животот.

Во пет утринава тргна за на работа. Влезе во автомобилот и таму и почина. Ниту го стартуваше автомобилот – изјавила неговата сопруга Игбала, пренесува српски „Курир“.

Оваа оформација за „Курир.рс“ ја потврдиле менаџерите од Америка.