Дваесет и двегодишен кумановец е осомничен дека со уште три лица физички нападнал врсник од селото Љубодраг.
Loading...
– На 25.06.2023 во 23.10 часот во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово е лишен од слобода М.А(22) од кумановско, затоа што според пријавеното околу 21.00 часот во село Љубодраг, кумановско заедно со уште три лица (Д.А., Д.А. и А.А.) физички го нападнале А.Н.(21) од село Љубодраг, при што еден од пријавените со тврд предмет му го оштетил и неговото патничко моторно возило марка „Голф“ со кумановски регистарски таблици, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски