Што мисли Кина за бунтот на Пригожин?

Сподели со своите пријатели

Кинеските власти го опишаа неуспешниот обид за државен удар на групата Вагнер како „внатрешна работа“ на Москва, додека еден државен медиум ги нарече поделбите во Русија „илузија“ што ја искористи Западот, пренесува хрватски Индекс.

Loading...

Рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко одржа ненајавени разговори во неделата во Пекинг.

Не беше јасно дали овие разговори беа однапред планирани или резултат на бунтот на Вагнер.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја поддржува Русија во одржувањето на националната стабилност, без конкретно да го именува раководството на Путин.

„Како пријателски сосед и сеопфатен стратешки партнер во новата ера, Кина ја поддржува Русија во одржувањето на националната стабилност и постигнувањето развој и просперитет“, соопшти Министерството.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Москва ќе ги брани своите интереси на Арктикот