Кумановци приведени под сомнение дека ги претепале соседите

Сподели со своите пријатели

Две лица до Куманово на возраст од 23 и 28 години биле приведени под сомнение дека физички ги нападнале своите соседи.

Loading...

– На 23.06.2023 во 18.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.Џ.(23) и Ш.Џ.(28), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие се сомничат дека претходно физички ги нападнале нивните соседи Г.С. и В.С. и нивниот син, при што употребиле и тврди предмети.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Амбасадорот на Европската Унија денеска ќе го посети Куманово

Никола Ивановски