Голф излета од патот во кумановско, три лица во болница

Сподели со своите пријатели

Три лица завршиле во болница откако голф управуван од четириесетгодишен кумановец викендов излетал од патот во близина на „Бедински мост“.

Loading...

– На 24.06.2023 околу 20.40 часот во Полициска станица Куманово било пријавено дека на автопат „Пријателство“, во близина на надвозник „Бедински мост“, патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(40) од Куманово, излетало надвор од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по незгодата А.Р. и двајца малолетни сопатници во возилото биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Амбасадорот на Европската Унија денеска ќе го посети Куманово

Никола Ивановски