Откриени 12 мигранти во кумановско, шверцерот избегал

Сподели со своите пријатели

Дванаесет мигранти затекнала полицијата на автопатот Табановце – Куманово како излегуваат од „ауди“, чиј возач избегал.

Loading...

– На 21.06.2023 околу 06.15 часот на автопатот Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север забележале дека од патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки излегуваат 12 лица мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, откако ги забележал полициските службеници, возачот го напуштил местото.

Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Амбасадорот на Европската Унија денеска ќе го посети Куманово

Никола Ивановски