Потрагата по подморницата Титан влегува во одлучувачка фаза: Имаат кислород до 13 часот?

Сподели со своите пријатели

Повеќе бродови и авиони, вклучително и американски и канадски, се вклучени во трка со времето за пронаоѓање на петте преживеани од малата подморница Титан, исчезната од неделата во близина на потонатиот брод Титаник, чии резерви на кислород се очекува да истечат денеска.

Loading...

Контактот со подморницата е изгубен час и 45 минути откако таа потона во неделата попладне.

Како што е наведено на веб-страницата на компанијата OceanGate, станува збор за подморница долга 6,7 метри и тешка повеќе од десет тони, која може да нурне до длабочина од 4000 метри.

Има камери, светла и скенери за истражување на околината. Во подморницата има и боци со кислород кои обезбедуваат снабдување од 96 часа.

Американската крајбрежна стража проценува дека резервите на кислород на патниците во подморницата би можеле да исчезнат во 7:18 часот по нивно време, односно во 13:18 часот по наше време.

Спасувачките тимови нагласија дека мора да останат оптимисти, па во потрагата денеска се приклучуваат уште десет бродови и подморници на далечинско управување.

Областа за пребарување беше проширена откако се слушнаа звуци во вторник и среда.

Потрагата сега опфаќа површина двојно поголема од државата Конектикат и оди на длабочина од 4 километри.

Loading...

Звуците не се идентификувани и не се знае со сигурност дали дошле од подморницата.

Бродот мајка на подморницата Polar Prince е командно место на потрагата, а се наоѓа на локацијата каде што потона Титаник.

Денеска во текот на денот роботски возила опремени со камери ќе го пребаруваат морското дно.