Вкупно 14 возачи во Куманово вчера биле казнети поради недавање првенство на минување, информираат денеска од полицијата.
– Во текот на вчерашниот ден (20.06.2023) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои не даваат првенство на минување на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 54 возачи, велат од Министерството за внатрешни работи.
Од нив, 14 биле казнети на територијата на СВР Куманово, 11 на територија на СВР Тетово…
При контролата санкционирани биле и 254 други прекршоци.
Засилените акциски контроли, велат од МВР, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.
Никола Ивановски