Четириесет и четиригодишен кумановец бил физички нападнат во близина на болницата, а напаѓачот му украл метадон и пари.
Loading...
– На 16.06.2023 во 11.40 часот во Полициска станица Куманово Е.С.(44) од Куманово пријавил дека околу 08,00 часот во близина на Општа болница Куманово бил физички нападнат со тврд предмет од У.З., кој му одземал метадонска терапија и пари, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски