Кумановци претепале сограѓани во угостителски објект

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановци физички нападнале други двајца сограѓани, а во пресметката биле употребувани и тврди предмети.

Loading...

– На 15.06.2023 во СВР Куманово бил извршен службен разговор со Љ.Ц.(51) од с.Тромеѓа, кумановско и со А.М.(58) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од полицијата, тие се сомничат дека околу 10.00 часот во угостителски објект на улица „Народна револуција“ учествувале во физички напад врз М.С.(51) и Ш.А., двајцата од Куманово, во која биле употребени тврди предмети.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел со 1,92 промили алкохол, полицијата го привела