Триесет и деветгодишен куманвоец физички го нападнал својот малолетен син, а потоа пукал со воздушна пушка.
Loading...
– На 15.06.2023 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М. (39) од Куманово затоа што во семејната куќа во Куманово физички го нападнал својот малолетен син и притоа пукал од воздушна пушка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што се додава во соопштението на кумановската полиција, С.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски