Американската ФЕД ја задржа референтната каматна стапка во опсег од 5 до 5,25 отсто

Сподели со своите пријатели

Американската централна банка (ФЕД) одлучи да ја задржи референтната каматна стапка во опсег од 5 до 5,25 отсто.

Loading...

ФЕД ја задржа можноста во иднина да ја зголеми каматната стапка доколку се појават ризици кои би можеле да ја загрозат главната цел на банката – намалување на инфлацијата на ниво од два отсто.

Во соопштението, објавено на веб-страницата на ФЕД, се наведува дека економската активност во САД продолжува да расте со скромно темпо, а истовремено е забележан и пораст на бројот на нови работни места, а стапката на невработеност остана ниска.

„Американскиот банкарски систем е здрав и издржлив“, наведува ФЕД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД ги намалуваат царините за кинески пратки со ниска вредност

Американската централна банка, исто така, верува дека заострените кредитни услови за домаќинствата и бизнисите најверојатно ќе влијаат на економската активност, вработеноста и инфлацијата.

Одлуката за референтната каматна стапка ја поддржаа сите 11 членови на Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC).

ФЕД прогнозира дека американската економија ќе порасне за 1 отсто оваа година, додека би требало да порасне за 1,2 отсто во 2024 година и 1,8 отсто во 2025 година.