Израелската армија уби Палестинец на Западниот Брег

Сподели со своите пријатели

Израелски војници денеска убија Палестинец на окупираниот Западен Брег, соопштија палестинските здравствени власти.

Loading...

Како што е наведено, 20-годишниот Калил Јахја Анис бил застрелан во главата во градот Наблус, честа сцена на конфликт меѓу израелската армија и Палестинците.

Израелската армија соопшти дека била под оган за време на воена операција во тој град и дека одговорила.

Војниците го демолираа домот на Палестинец одговорен за нападот на израелски војник минатата година.

Израелските власти ги уриваат куќите на напаѓачите и тврдат дека оваа мерка ги одвраќа напаѓачите од понатамошни напади.

Критичарите, сепак, предупредуваат дека таквата тактика е колективна казна.

Насилството меѓу двете нации трае со месеци, најмногу на Западниот Брег, каде од почетокот на 2023 година се убиени околу 120 Палестинци.

Израелската армија влегува на Западниот Брег речиси секоја вечер како одговор на зголемувањето на палестинското насилство на почетокот од минатата година. Во тој период се интензивираа палестинските напади врз Израелците.

Loading...

Израел тврди дека повеќето од убиените биле екстремисти, но загинале и млади мажи кои протестирале поради рациите и други кои не биле вклучени во конфликтот.

Најмалку 20 Палестинци се убиени во палестинските напади врз Израелците оваа година.