Вкупно 1.047 првооделенци се запишани за учебната 2023/2024 година во мај во 16 општински основни училишта во Куманово, информираат денеска од Секторот за образование.
Од вкупниот број на запишани ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година, во основните училишта со објекти на подрачјето на градот Куманово се запишани вкупно 737 ученици, а во објектите на основните училишта на рурално подрачје на Општината, 310 ученици.
Споредбено со минатата година тоа се 23 ученици помалку, односно во учебната 2022/2023 година во прво одделение биле запишани 1.070 деца.
Инаку за секое запишано прваче од претстојната учебна година, родителите или старателите, ќе можат да аплицираат за субвенции во износ од 2.000 денари кои ќе ги додели Општина Куманово.
Денеска официјално заврши учебната година за 10.097 основци, додека минатата недела со училишните клупи се збогуваа 4.126 средношколци.
Никола Ивановски