Под влијание на циклонска активност до крајот на седмицава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог (над 25 l/m2 за 24 часа).
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, до петок локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.
Низ Македонија денеска времето ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови на места нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време и над 25 l/m2), силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.
За Куманово и околината за денеска од страна на УХМР е издадено и жолто предупредување за опасност од невреме со грмотевици.
Нестабилноста во Куманово се очекува во попладневните часови, со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Температурите ќе бидат во интервал од минимални 14 до максимални 24 степени целзиусови.
Делумно стабилизирање на временската состојба се очекува во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски