Во Куманово викендов казнети 118 возачи

Сподели со своите пријатели

Вкупно 118 возачи биле казнети викендов на подрачјето на Куманово, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 118 возачи, стои во соопштението.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, најголем дел од казните, вкупно 99 биле изречени на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 5 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 11 за управување возило без возачка дозвола и 3 за нерегистрирано возило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени лица од Липково. Пронајдена дрога и дигитални ваги

Сообраќајните контроли, велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додаваат од СВР Куманово.

Никола Ивановски