Русија повторно меѓу 10 најголеми економии во светот

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата година Русија произвела стоки и услуги во вредност од 2,3 трилиони долари, што ѝ овозможи да го заземе осмото место во светот според овој индикатор.

Loading...

Врз основа на резултатите од минатата година, Русија се врати во првите десет најголеми економии во светот, што се случи за прв пат по осум години, покажуваат податоците на Светската банка и националните статистички служби.

Последен пат Русија беше меѓу 10-те најголеми економии во светот во 2014 година, кога беше на деветтото место, со показател од 2,05 милиони долари. Минатата година таа беше на 11. место.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пари открива: 265 милиони евра приход од рударство – кои компании се на врвот?

Најголема економија во светот минатата година беа САД со номинален БДП од 25,46 трилиони долари.

На второ место е Кина со 17,94 милијарди, а на трето Јапонија со 4,17 милијарди долари.

Германија остана на четвртата позиција со БДП од 4,07 билиони долари, по што следи Индија на петтото место со 3,4 трилиони долари, Велика Британија ја задржа шестата позиција со 3,07 трилиони долари, а Франција остана седма со 2,78 трилиони долари.

На деветтото место е Канада со БДП од 2,14 трилиони долари, додека Италија падна за две позиции за една година и стигна до десеттото место, со показател од 2,01 трилиони долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што се случува на границата со Финска: Путин собира војска, подига шатори и хангари

Јужна Кореја испадна од првите десет и сега е на 13-та позиција, пренесува Политика.

Loading...