Истражување: Третина од младите мажи во Германија сметаат дека е прифатливо да ја удрат својата партнерка

Сподели со своите пријатели

Третина од младите мажи во Германија сметаат дека насилството врз жените е прифатливо, покажува новото истражување нарачано од детската добротворна организација План Интернационал Германија. Резултатите ги објави Вестдојче алгемајне цајтунг.

Loading...

Група од 1.000 мажи и 1.000 жени на возраст од 18 до 35 години од цела Германија одговараа на прашања од онлајн прашалник.

34% од мажите од таа возрасна група признале дека во минатото биле насилни кон партнерката за да „всадат почит“.

33% рекле дека сметаат дека е прифатливо ако повремено „се оттргнат“ и ја удрат партнерката за време на расправија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Франција започна истрага против социјалната мрежа X

Во делот од прашалникот кој ги истражува ставовите кон обвинувањето на жртвите и двојните стандарди, 50% од мажите одговориле дека не би сакале врска со жена која има многу сексуални партнери, додека 20% од анкетираните жени се согласуваат со таа изјава.

Поделба на домашни работи

Истражувањата исто така покажаа дека очекувањата во врската многу се разликуваат помеѓу мажите и жените.

Нешто повеќе од половина од мажите, 52% од нив, сакале врска во која ќе заработат најголем дел од парите, а жената ќе биде задолжена да се грижи за децата и домашните работи.

Повеќе од две третини од интервјуираните жени не се согласуваат со оваа идеја и сакаат рамноправни партнерства и заедничко одлучување.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  ИРАН: Маж јавно погубен поради силување и убиство на девојче

Нешто помалку од половина од испитаниците, 48% од нив, изразиле негодување за јавно изразување на хомосексуалноста. Тие велат дека тоа ги прави да се чувствуваат „вознемирено“.

„Ова мора итно да се промени“

Германската Федерална организација за еднаквост вели дека откритијата се „шокантни“.

„Според истражувањето на Plan International Germany, секој трет млад човек смета дека насилството врз жените е „прифатливо“. Ова мора итно да се промени!“ соопштија од организацијата.

Карстен Каснер од Федералниот машки форум, група која се залага за родова еднаквост, исто така повика на промени.

Тој вели дека „проблематично е што една третина од анкетираните мажи го банализираат физичкото насилство врз жените“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Зошто го исклучи доводот на гориво?“ Мистериозен разговор на пилотите од индискиот Боинг во кој загинаа 260 луѓе

Според податоците на германската полиција, 115.000 жени во Германија биле жртви на насилство од интимен партнер во 2021 година.

Германија, исто така, има една од највисоките стапки на фемициди во Европа, проблем што се влоши за време на пандемијата.