Хорор во САД: Мајка и ќерка убиле баба, ја распарчиле со моторна пила, а потоа запалиле

Сподели со своите пријатели

Мајка и ќерка од Мериленд се обвинети дека убиле баба и и го распарчиле телото со моторна пила, а потоа ги запалиле деловите за да се ослободат од доказите.

Loading...

Наводно на сè и претходела расправија за кредитна картичка, пренесува New York Post.

Маргарет Крег (71) била мртва повеќе од една недела кога полицијата ја нашла во домот на нејзиното семејство.

– Кога полицајците се симнаа во подрумот, веднаш почувствуваа смрдеа – извести локалната полиција.

Тие веруваат дека несреќната жена била убиена од нејзината ќерка на 23 мај, а потоа следниот ден нејзината внука помогнала во распарчувањето на телото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Висок талибански функционер го повика лидерот да ја укине забраната за образование на жените

Во подрумот полицијата најпрвин пронашла крв, а потоа ткиво до три бели пластични кеси за ѓубре.

Пронашле и нож, моторна пила и средства за чистење.

По сослушувањето, внуката на несреќната жена изјавила дека нејзината баба и мајка се скарале за кредитна картичка.

Loading...

Бабата потоа се заканувала дека се ќе пријави во полиција.

Полицијата претпоставува дека се ескалирало со убиството и дека следниот ден телото го пронашла внуката која се обидела да ѝ помогне на мајка си да се ослободи од телото.

Мајката е обвинета за убиство, а ќерката за помагање во делото.

Двете се во притвор.