Финска ќе протера девет руски дипломати поради шпионажа

Сподели со своите пријатели

Финските власти најавија дека ќе протераат девет руски дипломати во Хелсинки поради нивните „разузнавачки“ активности.

Loading...

„Финска ќе протера девет лица од руската амбасада, кои работеле во разузнавачката служба“, се вели во соопштението по состанокот на претседателот Саули Нииниста со министерскиот комитет за надворешна и безбедносна политика.

Се додава дека одлуката за протерување е донесена врз основа на проценката на финската безбедносна и разузнавачка служба.

Односите меѓу двата соседа се влошија по почетокот на руската инвазија на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин го разреши директорот на Роскосмос