Без електрична енергија во текот на утрешниот ден ќе бидат привремено неколку локации во градот и околината.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 09:30 до 11:30 часот без напојување ќе бидат корисниците од село Студена Бара, населбата Перо Чичо и Карап маало.
Во период од 12:30 до 14:30 часот прекини ќе има кај корисниците од селата Студена бата, Пчиња, Винце и Ново село.
Според РЦУК прекини утринава имало кај месноста Стара Гимназија, Хотел Куманово, населбата Јане Сандански, околу Болницата, поранешен монопол, Дом на АРМ и околината.
Никола Ивановски