Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вчерашното гостување во „24 анализа“ на телевизија истакна дека општината во 2017 година била трета најзадолжена општина, а денеска е финансиски најдобро стоечка општина во државата.
Loading...
„Општина Куманово нема долгови, денеска има на сметка 264 милиони денари сопствени пари и ги има надмирено сите обврски. Како? Ја зголемивме брзината, а ја намаливме потрошувачката. Ги прибравме средствата коишто ни следуваат, а тоа се даноците, не ги покачивме даноците, единствена општина што обезбеди бесплатен автобуски превоз за своите граѓани. Градиме инфраструктура во рамки на можностите. Немаме неплатени фактури“, рече Димитриевски.