Во кружната сала на поранешен Комитет денеска се одржа трибина на тема „Состојба и предлог мерки за олеснување на инклузијата во образовниот процес на лицата со посебни потреби во Општина Куманово“во организација на општинскиот Секторот за образование.
Loading...
[huge_it_gallery id=”314″]
На трибината присуствуваа наставници, директори и педагози од основните и средни училишта од градот, невработените дефектолози и градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.
Според податоците на Министерството за труд и социјална политика 198 деца имаат посебни образовни потреби веќе во градинките.
Немаме развиено мрежа на згрижувачки семејства. Нашата општина има деца во згрижувачки семејства, но за жал во Куманово немаме згрижувачи кои би ги прифалите нашите деца. Училиштата и градинките некако станаа привилегија за децата со посебни потреби затоа што оние родители кои имаат финансиски средства и можат да си дозволат финансирање на педагог кој би бил клучен во наставата тие можат да си го приуштат и работат со нивните деца – вели Наташа Станојковска Трајковска, доцент доктор на Институтот за Дефектологија на Филозофски факултет.
Според Жико Крстевски, раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово од 22 училишта на територијата на општината има само четворица дефоктолози кои можат да пружат стручна помош на лицата кои имаат потреба од тоа.
Таква помош им е потребна и на родителите на тие деца, на наставниот кадар кој во редовната настава има потешкотии како стручно да пристапи кон овие лица со попреченост. Од сите искажувања имаме добри учесници во оваа дебата, на оваа трибина така што ќе произлезат практични предлози како ние во рамките на надлежносите кои што ги има општината да се справиме со овој проблем или да го ублажиме а се знае дека факторот кој треба да вработува дефектолози кои ги има во систематизациите на сите училишта е Министерството за образование. Ова ќе биде и еден апел кон нив да си ја завршат работата за што и постојат, а ние во рамките на нашите можности ќе дадеме придонес за да помогнеме на оваа категорија на ученици и родители кои заедно со децата имаат потешкоти – изјави Крстевски.
Тој додава дека околу 400 деца кои се во инклузија немаат можност да добијат стручна помош поради кадровски проблеми со дефектолози и логопеди кои ги нема во училиштата.
Ги имаме како дипломирани, готов стручен кадар кој не може да влезе во образованието затоа што немаме согласност од министерството. Околу 400 има во моментов а таа бројка ќе се зголеми доколку ние се подготвиме за да училиштата можат да ги прифатат и стручно да работат со нив – истакна Жико Крстевски, раководител на Секторот за образование.
Според Горан Петрушев, преставник на невладиниот сектор во редовното образование треба да има квалитетна настава,а за тоа услов е пред се стручнен кадар во училиштето кој што може да им помогне затоа што нивните потреби се големи.
Македонија се труди да го почитува тоа право но не доволно , ние масетаме дека не е доволно бидејќи самиот процес на инклузија почна од 1998 година и до сега имаме вработено дефектолози во одредени училишта и во одредени општини но тој број не е доволен. Треб астручните тимови во училишатата да се комплетираат со дефектолози, секое училиште треба да има дефектолог за да може да прими дете со попреченост – изјави Петрушев.
Loading...
Заклучоците кои ќе бидат донесени од оваа трибина ќе бидат доставени до Секторот за образование при Општина Куманово и Министерството за образоавние и наука за подобрување на условите за лицата со посебни потреби.