Честитка од Димитриевски за празникот „Свети Кирил и Методиј“

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, преку социјалните мрежи денеска упати честитка до граѓаните по повод празникот „Свети Кирил и Методиј“.

Loading...

Честитката ви ја пренесуваме интегрално.

„Честит 24 мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, првите словенски учители и светители, оние кои ги поставија темелите на писменоста на словенските народи.

Градењето на македонскиот идентитет денес се должи на нивните заложби и посветеност за создавање на првата азбука и јазик кои и ден денес гордо се користат.

Поставувајки ги темелите на писменоста, светите браќа Кирил и Методиј ни оставија аманет да го чуваме, негуваме и развиваме јазикот за нас и за генерациите кои доаѓаат по нас.

Нека ни е честит и вековит Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј“, стои во честитката на градоначалникот Димитриевски.