Од ноќеска поскапување на горивата

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика одлучи кај скоро сите нафтени деривати од ноќеска да стапи зголемување на малопродажната цена.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.05.2023 година.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 67,50 ден/лит.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започнаа „Ноемвриските денови“ – Со низа настани Куманово ќе одбележи 506 години постоење

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.05.2023 година.

Новата малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ ќе изнесува 69,00 ден/лит.