Вкупно 92 странски државјани, од кои 30 од машки и 22 од женски пол, како и 40 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, поднеле барање за признавање на право на азил во текот на вчерашниот ден, јавува Министерството за внатрешни работи.
Според државјанството, потврди се издадени на 79 државјани на Сирија и на 13 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.
Во текот на изминатите 24 часа, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил.