Во понеделник без струја повеќе села во Куманово

Сподели со своите пријатели

Низа села во Куманово во понеделник ќе бидат привремено без електрична енергија, поради најавени планирани прекини.

Како што информираат од Регионалниот центар зауправување со кризи, во период од 10:00 до 11:30 часот во понеделник без електрично напојување ќе бидат селата Кутлибег, Пезово, Кшање и Кокошиње.

Во период пак од 12:15 до 11:30 часот прекини ќе има во селата Габреш, Кучкарево, Градиште, Орман, како и базната станица на Т-мобиле во селото Градиште.

Прекини во период од 08:30 до 10:00 часот ќе има и во селата: Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, Кшање, и Кокошиње.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Андреа и Дарио од Куманово победија на Top Model Europe Balkans во Белград

Без струја пак во текот на денешниот дек во период од 08:30 до 14:30 часот ќе биде дел од централното градско подрачје, односно корисниците од Здравствен дом, како и улиците „Гоце Делчев“, „Вардарска“, „Борис Кидриќ“, „Пробиштипска“ и Јусеин Јусеини.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски