Викенд прогноза за Куманово: Ќе имаме ли дожд?

Сподели со своите пријатели

Денеска претпладне времето низ Македонија ќе биде умерено облачно, претжено во западните делови.

Преку денот ќе преовладува сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степена.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време и без врнежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу девет степени, а дневниот максимум се очекува да достигне до 22 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Децата во Куманово учеа сообраќајни правила со полицијата преку цртање (ФОТО)

 

 

Променливо облачно и суво време ќе имаме и утре кога ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југоисток.

Температурата ќе биде во интервал од 11 степени во утринските часови, до максимални 25 во текот на денот.

 

 

Недела носи претежно облачно време во комбинација со малку сончеви периоди, но и дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од исток и југоисток. Минималната температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната се очекува да се искачи до 23 степени целзиусови.

 

 

Нестабилното време со врнежи од дожд и грмежи продолжува веќе од понеделник.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка измамена при купување стан во Скопје, останала без 50.000 евра