Две лица загинаа во поплавите во Италија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа, а илјадници се евакуирани од своите домови по разорните поплави што го погодија северниот италијански регион Емилија Ромања, соопштија денеска властите, предупредувајќи дека ситуацијата може да се влоши.

Loading...

„Врнежите не се завршени, ќе траат неколку часа. Соочени сме со многу комплицирана ситуација“, велат од Агенцијата за цивилна заштита, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува и дека неколку лица се водат за исчезнати, но не се наведува точниот број.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се обидува ли САД да го спречи човекот кој го организираше нападот на Кулите близначки да признае сè?

Италијанските медиуми објавија дека најмалку четири лица се водат како исчезнати, едно во Чезена и три во блискиот Форли.

Неколку реки се излеаа од коритата во Ромања, во источниот дел на регионот, принудувајќи ги жителите на градовите како Чезена да се качат на покривите на нивните куќи, каде што пожарникарите ги спасуваа со хеликоптери или гумени чамци.

Loading...

Градоначалникот на Равена, која исто така беше силно погодена, Микеле де Паскале, изјави дека само од неговиот град во текот на ноќта биле евакуирани 5.000 луѓе.

„Тоа беше секако најлошата ноќ во историјата на Ромања. Равена е непрепознатлива од штетата што ја претрпе“, изјави тој за италијанските медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работата на црно е се поголем проблем во Германија: Државата поради тоа изгубила 615 милиони евра

Италијанската премиерка Џорџа Мелони во објава на Твитер изрази „тотална солидарност со погоденото население“ и рече дека владата внимателно ги следи настаните и е подготвена да пружи помош.

Обилните врнежи во Емилија-Ромања уследија по неколкунеделната суша што го намали капацитетот на почвата за задржување вода, што ги влоши ефектите од поплавите, според Ројтерс.