Макрон: Франција не е во војна со Русија

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз не учествува во војната против Москва и дека не испорачува оружје за напади на руска територија.

Loading...

– Ние не водиме војна против Русија. Тоа не е војна со Руската Федерација – изјави Макрон во интервју за TF1, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека Франција ја поддржува Украина во нејзиниот отпор, но дека тоа не вклучува испорака на оружје за напад на руска територија.

– Ја поддржуваме Украина во нејзиниот отпор, што значи дека не испорачуваме оружје што би можело да стигне до руска територија или што би можело да се користи за напад на Русија – рече Макрон.