СЗО ја затвора својата регионална канцеларија во Русија

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација објави дека нејзините членки во Европа гласале за затворање на Европската канцеларија за превенција и контрола на незаразни болести во Москва.

Loading...

Одлуката беше прифатена со потребното мнозинство на посебен состанок на европската канцеларија на СЗО, пренесува Ројтерс.

Според соопштението на Светската здравствена организација, канцеларијата ќе биде преместена во Копенхаген до 1 јануари 2024 година.

Неименувани дипломати претходно изјавија за Ројтерс дека затворањето на канцеларијата во Москва било наменето како политички чекор за да помогне во обидот да се изолира Русија и не се очекува да има здравствени последици за Русија или глобалната здравствена политика.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руските сили напредуваат во областа Курск

Незаразните болести како што се дијабетесот и ракот се главните причини за смртност во европскиот регион на СЗО, кој опфаќа 53 земји, пренесува Танјуг.