18-годишно момќе по случаен избор отворило оган врз минувачите во градот Фармингтон, 290 километри северозападно од Албакерки, Ново Мексико, убивајќи три и ранил шест лица, меѓу кои двајца полицајци, пред полицијата да го убие.
Престрелката започна во населбата Brookside Park, во станбена зграда веднаш до трговски центар, недалеку од регионалниот центар на индустријата за фосилна енергија, според Ројтерс.
По повикот, полицијата на местото на престрелката констатирала „хаотична сцена во која млад човек активно пука во случајни минувачи“, изјави висок претставник на локалната полиција и потврди дека полицијата го убила напаѓачот при интервенцијата.
Сите ранети во оваа престрелка се во стабилна состојба.
Пукањето било пријавено во населбата Бруксид Парк, а според официјалните лица, три училишта во близина биле ставени во итна карантин.
Фармингтон е град со речиси 50.000 жители во северозападниот дел на Ново Мексико, пренесува Танјуг.