Британски војник пронајден мртов по ноќно излегување во Шведска

Сподели со своите пријатели

Британски војник е пронајден мртов по ноќно излегување во Шведска, а четири лица се уапсени во истрагата за убиството, пишува Мирор.

Loading...

25-годишникот пристигнал во Шведска на вежбата за одбрана Аурора 23, која трае од 17 април до 11 мај.

Соопштено е дека војникот бил на ноќно излегување со други припадници на вооружените сили кога починал.

По неговата смрт е покрената истрага за убиство, а четири лица се уапсени.

Министерството за одбрана соопшти дека е запознаено за инцидентот и дека „им помага на локалните власти во нивната истрага“.

Шведскиот весник Expressen пишува дека војникот ноќта кога починал завршил во куќа во Солна заедно со неколку лица од Шведска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претседателот на Чешка закажа редовни парламентарни избори за 3 и 4 октомври

Се тврди дека меѓу четворицата уапсени е уште еден британски војник со кој бил излезен таа вечер.

Уапсени се четири лица

Loading...

Уапсени се и тројца Швеѓани на возраст меѓу 20 и 30 години.

Портпаролот на Министерството за одбрана рече дека тие се запознаени со инцидентот во Стокхолм и дека им помагаат на локалните власти во нивната истрага, додавајќи дека би било несоодветно да се коментира дополнително.

Мирор наводно ја контактирал Кралската морнарица за коментар.

Амфибиската работна група на Кралската морнарица беше во Шведска бранејќи го својот брег во симулирана инвазија.

НАТО за одбранбената вежба Аурора 23 изјави дека тоа е шведска национална вежба со меѓународни учесници, вклучително и членки на НАТО.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неексплодирана бомба од Втората светска војна пронајдена во Хирошима

– Вежбата е важна можност да се работи на колективната безбедност во регионот каде што учесниците вежбаат против сценарио со висок интензитет што реплицира потенцијални закани. Во вежбата ќе бидат вклучени борбени, транспортни и други помошни авиони од Шведска, Финска, Полска, Португалија, САД и Велика Британија. Операции од базите во Шведска и околу Балтичкото Море, мисии во кои ќе се обучуваат противвоздушна одбрана, вклучувајќи офанзивни и одбранбени воздушни операции, разузнавачки, надзорни и извидувачки операции, како и блиска воздушна поддршка и ударни мисии – се наведува во соопштението.