Азербејџан: Ерменија ги нападна нашите позиции со минофрлачи

Сподели со своите пријатели

Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека позициите на азербејџанската армија биле нападнати од минофрлачи.

Loading...

„Ерменската армија од позиции во близина на населбата Јеникенд отвори оган со минофрлачи од 60 милиметри кон позициите на азербејџанската војска во населбата Денирчидам“, соопшти Министерството од Баку, пренесе Тас.

Тензиите во областа Зодски на азербејџанско-ерменската граница се интензивираа од 10 мај.

Според претходното соопштение на Министерството за одбрана на Азербејџан, во судирите загинале двајца азербејџански војници, а еден е ранет.

Двете земји преговараат за мировен договор за ставање крај на повеќедеценискиот конфликт околу Нагорно Карабах.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Папата потврди дека постојат досиеја за скандали во Ватикан