Високи претставници на Америка и Кина одржаа осумчасовни разговори во Виена

Сподели со своите пријатели

Високиот кинески дипломат Ванг Ји и американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан одржаа „искрени, значајни и конструктивни разговори за билатерални прашања“, изјави денеска портпаролот на кинеската амбасада во Виена.

Loading...

„Двете страни разговараа за отстранување на пречките и стабилизирање на односите меѓу Кина и САД“, се вели во соопштението објавено по осумчасовни разговори меѓу двајцата официјални лица, пренесува Ројтерс.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа на својот соговорник му подари список на лица приведени во Кина, пренесува Танјуг.

Еден американски функционер, кој побара анонимност, рече дека Белата куќа се надева дека разговорите во Виена ќе го отворат патот за подобра комуникација меѓу двете земји.