Зеленски: Ни треба уште време за да почеток на контраофанзива

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на неговата земја сè уште ѝ треба време да ја започне долгоочекуваната контраофанзива против Русија, бидејќи на војската сè уште и е потребна ветената помош од Западот.

Loading...

Очекуваниот украински напад може да претставува одлучувачки момент во војната и да повлече нови линии на фронтот кои се непроменети со месеци.

Тоа ќе биде одлучувачки тест за Украина, која сака да покаже дека со помошта што доаѓа, може да направи големи придобивки на бојното поле.

„Со она што го имаме во моментов, можеме да одиме напред и да бидеме успешни“, рече Зеленски во интервју за европските јавни сервиси, вклучително и Би-Би-Си.

„Но, тие би изгубиле многу луѓе и мислам дека тоа е неприфатливо. Затоа треба да почекаме, ни треба уште малку време“, рече тој.

Претседателот на Украина рече дека борбените единици, од кои некои се обучени во земјите членки на НАТО, се „подготвени“, но изјави дека на армијата и се потребни „уште некои работи“, како што се оклопни возила кои „пристигнуваат во групи“.

Кога и каде Украина ќе нападне останува тајна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неколку стотици руски војници биле на лекување во Северна Кореја

Руските сили воспоставија одбранбени позиции долж линијата на фронтот долга 1.450 километри што се протега од источните региони Луганск и Доњецк до Запорожје и Керсон на југ.

Loading...

Во претходните недели, украинските власти се обидоа да ги намалат очекувањата на јавноста за почетокот и обемот на контраофанзивата.

Еден висок владин функционер, кој инсистираше на анонимност, рече дека лидерите на Украина сфатиле дека „мора да бидат успешни“, но дека контраофанзивата не треба да се гледа како „сребрен куршум“ во војната која трае речиси 15 месеци.

Зеленски, сепак, рече дека е уверен оти украинската армија може да напредува на фронтот, предупредувајќи на опасност од „замрзнат конфликт“ на кој, како што тврди, „Русија смета“.

За Киев, секој исход што би се сметал за неуспех на Запад би значел намалување на воената поддршка и зголемен притисок за Украина да стапи во преговори со Русија.

Речиси една петтина од украинската територија моментално е под контрола на руските сили, Владимир Путин минатата година најави анексија на четири окупирани региони.

Евентуалните преговори веројатно би се однесувале и на овие четири региони.

„Секој има идеја. Но, тие не можат да ја притиснат Украина да ѝ предаде територии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Москва е подготвена за преговори за Украина

„Зошто која било земја во светот би му подарила на Путин своја територија“.

Loading...

Зеленски ги отфрли стравувањата за можно губење на американската поддршка во случај Џозеф Бајден да не биде реизбран за американски претседател.

Тој изјави дека Украина има поддршка од претставниците на двете партии во американскиот Конгрес.

„Кој знае што ќе биде на изборите. Верувам дека дотогаш ќе победиме“.

Во моментов нема реална можност за разговори за крај на конфликтот, бидејќи двете страни тврдат дека ќе се борат до победа.

Зеленски понуди мировен предлог, барајќи да и се вратат на Украина сите окупирани територии, да и се исплатат воени репарации и да се формира специјален суд за руски воени злосторства.

Овој предлог беше категорично отфрлен од Москва.

Западните санкции, рече Зеленски, влијаат на руската воена индустрија, што може да се види во намалените залихи на ракети и артилериска муниција.

„Имаат уште многу складишта, но веќе гледаме дека секојдневно го намалија гранатирањето во некои области.

Loading...

Москва, сепак, наоѓа начини да заобиколи некои од санкциите, според Зеленски.

Тој ги повика земјите да ги „таргетираат“ оние кои и помагаат на Русија да ги избегне санкциите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп до Украина: Сакаме 500 милијарди долари во ретки метали

Зеленски повторно ги отфрли обвинувањата на Русија дека Украина е одговорна за наводниот напад со дрон врз Кремљ.

Москва го опиша настанот како обид за убиство на Владимир Путин.

Очигледниот руски напад може да биде операција со лажно знаме и изговор за Москва да ја нападне Украина, смета украинскиот лидер.

Тие постојано бараат оправдување и велат „Вие ни го правите ова, па ние ви го правиме“, додаде Зеленски.

Loading...

„Но, тоа не функционираше, ниту за нивната домашна јавност, а тамошните пропагандисти не веруваат во тоа бидејќи навистина изгледа многу вештачки.

Претседателот Зеленски зборуваше паралелно со одржувањето на Евровизија, чиј домаќин е англискиот град Ливерпул во име на Украина, победникот на минатогодишниот фестивал.

Тој рече дека би сакал Евровизија да се одржи во соседна земја „каде што Украинците би можеле да патуваат и да се чувствуваат блиски со домаќините“, но додаде дека има „голема почит“ за Велика Британија, за која вели дека е „неверојатна земја“.

„Главната работа е натпреварот да се одржи“, рече Зеленски.

„Народот нека го покаже сопствениот талент.“

Loading...