Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за артилериски напади на границата

Сподели со своите пријатели

Ерменија и Азербејџан се обвинуваат меѓусебно за артилериски напади на границата денеска додека меѓународните напори за смирување на односите се интензивираат.

Loading...

Баку и Ереван се расправаат за регионот Нагорно-Карабах во последните триесет години.

„Азербејџанските сили истрелаа артилериски и ракетни проектили врз ерменските позиции во регионот Сотк, на истокот на Ерменија“, соопшти ерменското Министерство за одбрана.

Во тоа гранатирање се ранети тројца ерменски војници, се вели во соопштението, додавајќи дека ерменските сили презеле „соодветни одбранбени мерки“.

Азербејџанското Министерство за одбрана ја обвини Ерменија дека со оружје од голем калибар ги гаѓа азербејџанските позиции на границата и тоа го нарече „провокација“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Економските перформанси на Германија опаѓаат втора година по ред

„И покрај предупредувањата дека е неопходно да се запрат провокациите, ерменската страна повторно го прекрши прекинот на огнот“, се вели во соопштението на азербејџанското Министерство, во кое се додава дека еден од нивните војници бил ранет од ерменски оган синоќа и дека гранатирањето продолжило и утринава.

Инцидентот се случи во време кога меѓународната заедница се обидува да ги смири тензиите меѓу двата соседа и да ги обнови мировните преговори.

Лидерите на Ерменија и Азербејџан, Никол Пашинјан и Илхам Алиев, в недела ќе се сретнат во Брисел, соопштија од Европската унија, која ќе посредува на состанокот.

Loading...

Таа беше организирана по интензивните разговори што се одржаа четири дена на почетокот на мај во Вашингтон меѓу ерменската и азербејџанската делегација под покровителство на САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Еди Рама клекна пред италијанската премиерка за да ѝ даде подарок (ВИДЕО)

Според Вашингтон, за време на тие преговори е постигнат „опиплив напредок“ и на повидок е мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан.

Двете земји се судрија во две војни во раните 1990-ти и 2020 година околу контролата врз Нагорно-Карабах, планински регион со мнозинско население Ерменци, кој се отцепи од Азербејџан пред повеќе од три децении.

Конфликтот во 2020 година околу контролата на регионот Нагорно-Карабах заврши со мировен договор со кој се признава победата на азербејџанските сили. Договорот е постигнат со помош на Русија.

Москва е во мировна мисија во областа од 2020 година, но сега, додека Русија е зафатена со својата воена офанзива во Украина, тензиите постојано се зголемуваат во Нагорно-Карабах.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Ерменија потпишаа договор за соработка, дистанцирање од Русија

Веќе високите тензии дополнително ескалираа кога Баку на 23 април објави дека го поставил првиот контролен пункт на патот што влегува во коридорот Лачин, единствениот што ја поврзува Ерменија со сепаратистичката енклава Нагорно-Карабах.

Енклавата веќе беше под повеќемесечна блокада што предизвика недостиг и прекин на електричната енергија.