Ердоган најави зголемување на платите во јавниот сектор за 45 отсто

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган најави зголемување на платите за 45 отсто за 700.000 вработени во јавниот сектор, со што минималната месечна плата за вработените ќе се зголеми на 15.000 турски лири или 768 американски долари.

Loading...

„Во рамките на овој колективен договор ги зголемуваме платите за 45 отсто, вклучувајќи го и учеството на социјалната помош, а со тоа ја зголемуваме минималната плата за работниците во јавниот сектор на 15.000 лири“, рече Ердоган, пренесува Анадолија.

Ердоган додаде дека Турција ќе продолжи да работи на зголемување на минималните плати за државните службеници, како и зголемување на пензиите, пренесува Бизнисфо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Невидена снежна бура го погоди јужниот дел на САД

„Во јули подготвуваме чекори кои ќе бидат преземени врз основа на разликата во инфлацијата и социјалниот удел“, додаде Ердоган.